Хрватскиот актер Ненад Цветко (53) почина по битка со тешка болест.
Актерот пред две години случајно открил грутка на вратот, а во еден момент останал и без гласот. Му бил дијагностициран рак на главата и на вратот, пишува „Вечерњи лист“.
– Во времето кога требаше да црпам енергија што ја немав, паднав на 35 килограми. Ефектите од зрачењето и хемотерапијата сè уште дејствуваат. Дури и сега, по три месеци, тие сè уште не се обработени во мојот организам. Во принцип, да чукнам во дрво, сè друго е само позитивно мислење – рекол лани кога поминувал низ процесот на хемотерапија и се надевал на добар исход од лекувањето.
Тогаш напомош му дошле и бројни колеги, па пред две години на иницијатива на актерката Вишња Бабиќ во Градскиот театар Трешња се одржала промоција на книгата на Дамир Цвитановиќ „Пат во неповрат“ од Дамир Цвитановиќ, а програмата била наречена „Книга за Цветко“.
Организаторите во најавата навеле дека книгите се бесплатни и дека се собираат доброволни прилози за помош на актерот Ненад Цветко.