More

    Почина најстарата ќерка на Пикасо, Маја Руиз-Пикасо

    spot_img

    Маја Руиз-Пикасо, најстарата ќерка на шпанскиот уметник Пабло Пикасо на која тој му посвети неколку слики, почина на 88-годишна возраст, соопшти нејзиниот адвокат Ричард Малка.

    „Маја Руиз-Пикасо почина мирно опкружена со своето семејство, на 88-годишна возраст“, ​​се вели во изјавата на адвокатот без дополнителни детали.

    Родена на 5 септември 1935 година, Марија де ла Консепсион, наречена Маја, е првата ќерка на Пабло Пикасо и Мари-Тереза ​​Валтер, кои се запознале во 1927 година.

    Пикасо, кој почина во 1973 година, имаше четири деца, а Маја беше неговото прво дете.

    Во Париз е во тек изложба за ќерката на Пикасо и нејзината врска со нејзиниот славен татко.

    Во парискиот музеј посветен на делата на Пикасо се изложени сликите што уметникот и ги посвети на Маја, меѓу кои „Маја со кукла“, „Маја со кукла и коњ“, „Маја во морнарски костум“, „Маја со чамец“ и „Маја со престилка“.

    Во 2023 година, Франција и Шпанија преку неколку изложби ќе ја одбележат 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо.

    Пабло Пикасо (1881-1973) бил сестран уметник – сликар, скулптор, цртач и графичар, еден од најголемите на 20 век, кој половина од својот живот го поминал во Франција. Заедно со Џорџ Брак, тој е еден од основачите на кубизмот.

    Тој се смета за еден од најголемите и најплодните сликари на сите времиња.

    Најпознатите слики на Пикасо се, покрај монументалната „Герника“ (1937) и делото „Девојката од Авињон“ (1907), платна што се сметаат за прво кубистичко дело, како и „Дете со гулаб во рацете (1901), „Семејство акробат“ (1905), „Акт“ (1910), „Жена со гитара (1911-1912), „Виолина“ (1914) и „Огледало“ (1932).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img