Словачкиот филмски режисер Јурај Јакубиско, кој во својата татковина го нарекуваат „Фелини на истокот“ и најдобар режисер на 20 век, почина на 85-годишна возраст, објави во саботата словачката радио и телевизија РТВС.Јакубиско почина во Прага, каде што живееше, изјави неговата ќерка за РТВС.
Студирал филм во Прага во шеесеттите години и се приклучил на генерацијата чехословачки режисери на новиот бран и дебитирал со филмот „Годините на Христос“ во 1967 година.
Во неговите подоцнежни филмови, тој се повеќе се потпираше на фолклорот и се наклонуваше кон надреалистички пристап. Од овие филмови се издвојуваат „Птици, сираци и лудаци“.
Неговите филмови беа забранети по Прашката пролет во 1968 година, краток период на либерализација во тогашната комунистичка Чехословачка.
На играните филмови им се врати дури во 1980 година, со дела со специфична словачка тема, и сагата за три генерации на словачко селско работничко семејство, „Илјадагодишната пчела“ (1983) и „Седам на гранка и уживам “ (1989), издвоите.
За филмската бајка „Перинбаба“ во 1985 година ја ангажирал актерката Џулиета Масина, сопруга на италијанскиот режисер Федерико Фелини.
Својот прв филм на англиски јазик „Батори“ го сними во 2008 година, базиран на легендата за унгарската грофица Елизабет Батори, која ја нарекуваат една од најозлогласените сериски убијци во историјата.
Подоцна, тој се посвети повеќе на филмската продукција.