More

    Почина Наде Проева

    spot_img

    Македонската историографија, и воопшто науката, изгуби извонреден научник. Вчеравечер на 75-годишна возраст почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја.

    Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата на античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на Катедрата за историја.

    Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја.

    Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.

    На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

    Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.

    Проева во наследство остави стручна литература која е драгоцена за античката историја на Македонците.

    Погребот на проф. д-р Наде Проева ке се изврши на Градските гробишта Бутел во Скопје во недела (10 ноември) во 13 часот.

     

    фото: „Нова Македонија“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img