Инфлуенсер кој промовираше сирова веганска храна умре од глад и исцрпеност.
Жана Самсонова (40), позната и како Жана Д’Арт, беше популарна инфлуенсерка која живееше во Југоисточна Азија и промовираше сурова веганска исхрана. Нејзината диетална рутина во последните пет години вклучуваше само овошје, никулци од семки од сончоглед, овошни фрапе и сокови, пишува Daily Mail.
Но, според нејзините пријатели, навиките во исхраната на Жана станале загрижувачки рестриктивни во последните месеци. Нејзината мајка Вера Самсонова во интервју за рускиот весник „Вечерњаја Казан“ изјави дека Жана починала на 21 јули од „инфекција слична на колера“, која била отежната со „исцрпување на телото од веганска исхрана“. Официјалната причина за смртта се уште не е потврдена бидејќи семејството се обидува да го врати телото во Русија.
Мајката на Жана не ја одобрувала екстремната диета на нејзината ќерка и се обидела да ја убеди да воведе поурамнотежени навики во исхраната, но Жана одбила да го промени начинот на исхрана.
Според пријател кој сака да остане анонимен, тие ја виделе Жана во Шри Ланка пред неколку месеци и забележале дека изгледа исцрпено. Се обиделе да ја испратат дома на лекување, но таа повторно побегнала. Кога ја виделе во Пукет, биле шокирани од нејзината состојба.
Жана беше на веганска исхрана околу 10 години, почнувајќи со повремено консумирање риба и млечни производи. Меѓутоа, со текот на годините нејзината исхрана станувала сè порестриктивна. Според една пријателка, во последните седум години јадела само дуриан, овошје познато по силниот мирис.
Жана имаше речиси 10.000 следбеници на Инстаграм, објавувајќи фотографии и видеа од „шарени оброци“, вклучувајќи салати, колачи и вегански хамбургери. Во една од нејзините последни објави, објавена на 7 јуни, таа ја изрази својата возбуда за сезоната на овошје во Тајланд и рече дека е „време да се здебелиме“.