По бoрбата со ракот, поранешната полуфиналистка на популарното талент шоу „Британија има талент“, Ема Џонс трагично почина на 32-годишна возраст.
Споменатата пејачка ги воодушеви членовите на жирито со совршената изведба на оперската класика „Аве Марија“ кога во 2015 година се појави во шоуто за таленти на само 23 години. Меѓутоа, Ема Џонс починала февруари, а оваа трагична вест е потврдена на нејзината фејсбук-страница.
– Жал ми е што морам да ви потврдам дека Ема Џонс почина. Таа почина на Денот на вљубените откако ѝ беше дијагностициран рак на повеќе органи – стои во објавата. Според тврдењата на Фејсбук, лекарот на Ема рекол дека „болеста од јајчниците се проширила и на други органи“.
Поранешниот партнер на Ема, Џон Хестингс, за „Њус и Стар“ изјавил дека ќе му недостига нејзината „личност, насмевка и прекрасен глас“. Џон раскажал и како Ема веднаш по излегувањето од аудицијата во популарното реално шоу станала позната во својата околина, пренесува „Дејли мејл“.
– Како и сите други овде, бев и горд и трогнат од нејзините достигнувања во „Британија има талент“, кога ги воодушеви судиите и гледачите. Аплаузот тогаш ја расплака, но знаев дека тие солзи се добар знак. Голема штета што никогаш повеќе нема да ја видиме, но се уште ги имаме нејзините настапи на интернет за да се сетиме и да ги цениме – истакнал тој.
На социјалните мрежи голем број гледачи на нејзините настапи во споменатата ТВ емисија се простија од одличната пејачка.