Почина млад човек кој мајка му го полила со бензин и го запалила

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Младиќ А.Т.(26) од Српска Црна, кој се здобил со тешки повреди откако мајка му го полила со бензин и го запалила, починал утрово во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, јави РТС.

Младиот човек со изгореници опасни по живот итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, интензивно лекување и терапија на болка на Клиничкиот центар во Војводина, каде по седум дена им подлегнал на повредите.

На мајката на С.М и е изречена мерка притвор до 30 дена, а бидејќи смртта настапила по кривичното дело, случајот најверојатно од Основното јавно обвинителство Кикинда ќе биде префрлен во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин.

С.М.(44) која издржува казна домашен притвор со електронски мониторинг го полила и запалила синот кој дошол да ја посети со бензин. Претходно меѓу двајцата дојде до расправија.

Share This Article