Поранешниот претседател на Финска и специјален пратеник на Обединетите нации за Косово, Марти Ахтисари, почина на 86-годишна возраст.
Марти Ахтисари почина во Хелсинки, соопшти кабинетот на претседателот на Финска.
Ахтисари беше претседател на таа земја од 1994 до 2000 година.
Пред да стане претседател, тој имаше неколку важни функции во финското Министерство за надворешни работи и во Обединетите нации.
„Со голема тага ја примивме веста за смртта на претседателот Марти Ахтисари. Марти Ахтисари веруваше во хуманоста, цивилизацијата и добрината и живееше одличен, значаен живот. Тој беше претседател во времето на промените, кој ја воведе Финска во глобалната ера на ЕУ“, најави претседателот на Финска, Саули Ниинисте.
Ахтисари беше назначен за специјален пратеник на ОН за преговори за идниот статус на Косово од тогашниот генерален секретар на ОН Кофи Анан. Планот на Ахтисари беше отфрлен и од српската страна и од Советот за безбедност на ОН и тој стана основа за прогласување на независноста на Косово.