Почина македонската фолк пејачка Атина Апостолова, доајен на македонската фолк музика .
Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, која долги години беше нејзина пријателка.
Пејачката починала ненадејно, а во овој момент во нејзиниот дом има присуство на полиција и брза помош.
Таа неодамна имала операција на срцето, но се поминало во најдобар ред.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет.
Таа е позната како македонска пејачка на народна музика, а позната е по песните, кои веќе се евергрини, како „ Запејте мераклии“, „Цела вечер ќе ти пејам“, „Верувај ми“, „Усни румени“, „Те видов, и се заљубив“, „Иле Илија“ и многу други.