По кусо боледување, на 61 година почина Љупчо Јакимоски, поранешен пратеник, директор на МИА и на МРТ.
Јакимоски е роден во 1961 година во селото Велестово кај Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје – група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.
Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.
Во 2006 година, Јакимоски е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, а на функцијата се задржа 11 години, до 2017-тата.
Погребот ќе се изврши утре во неговото родно Велестово.