Почина легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица почина вчера на 90 години, потврди Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).

„Љубомир Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Тој е несомнено еден од најплодните и најзначајни автори на 20.век во македонската музика, не само во класичната, туку и во сите останати музички жанрови. Тој е автор кој по својот опус на создадени дела се вбројува меѓу најплодните автори на музичката македонска сцена. Тој е и најплоден автор на балетската музика кај нас. Автор е на забавни мелодии и на детски песни. Творец кој се јавува во речиси сите музички жанрови. Тој е меѓу првите кој успеа да ги спои модерните хармонии со класичните хармонии и внесе нова свежина на тогашната сцена“, се вели на неговата дигитална платформа.

Бранѓолица е роден на 19 август 1932 во Херцег Нови, а во 1946 се запишува во Военото музичко училиште во Загреб. Своето средно музичко образование го завршува во Риека. Од 1950 до 1954 година работи во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Македонија доаѓа во 1954 и работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Од 1957 е корепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар, а потоа добива статус на слободен уметник до 1966, кога се вработува во Македонската радиотелевизија како продуцент музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија. Во меѓувреме дејствува како пијанист и како балетски критичар.

Како автор на филмска музика, дебитира во 1964, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови. На 18 март 2006 ја доби и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.

Андреј Блажевски лани постави дела од Бранѓолица  во дигитална форма на онлајн платформата ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica, заради евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат.

Погребот на Бранѓолица е претпладнево на 24 јули.

Share This Article