Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме почина во Германија како последица на срцев удар.
Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме, стрелецот на победничкиот гол во финалето на Светското првенство во 1990 година, почина на 63-годишна возраст.
Бреме ја освои Бундеслигата со Кајзерслаутерн и Баерн, а има и титула во Серија А со Интер.
Тој почина во текот на ноќта во својот дом во Минхен од срцев удар, еден месец по неговиот ментор, големиот Франц Бекенбауер.
Познатиот лев бек го реализираше пеналот со кој Елф ја совлада Аргентина во големото финале во Рим во 85. минута од натпреварот.
Тој во својата богата играчка кариера забележа 86 настапи за националниот тим, а германските медиуми пренесуваат дека тој починал ноќта меѓу понеделникот кон вторникот од срцев удар.
Тој наводно бил однесен во клиниката за интензивна нега во Зимсенштрасе, во близина на неговиот дом во Минхен, но не му била укажана помош.
Германските медиуми пишуваат дека Бреме бил длабоко погоден од смртта на неговиот ментор и поранешен тренер Франц Бекенбауер минатиот месец. Зад себе ја остави својата партнерка Сузане Шафер и двата сина од првиот брак.
Бреме ќе влезе во историјата како еден од првите модерни дефанзивци, кој не се плашеше да оди напред, да нафрли и да шутира кон голот. Затоа имаше толку добар голгетерски учинок за дефанзивец. Тој беше мајстор за слободни удари и многу сигурен изведувач на пенали.