Легендарниот актер Џејмс Кан, кој се прослави со улогите во филмовите како „Кум“ и „Песната на Брајан“, почина вчера, 6 јули, на 82-годишна возраст.
Оваа тажна вест штотуку беше објавена на официјалниот Твитер профил на Џејмс, а деталите за неговата смрт сѐ уште не се познати.
„Со голема тага ве известуваме за смртта на Џими на 6 јули, во вечерните часови. Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате нивната приватност во овој тежок период“, пишува во објавата на споменатата социјална мрежа.
Инаку, Кан стекна голема популарност во далечната 1972 година, кога ја играше улогата на Сони Корлеоне во култниот филм „Кум“.
Бил номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога, како и за Златен глобус.
Тој ја повтори улогата во продолжението на овој култен филм, а пред „Кум“ Џејмс го играше Брајан Пиколо во „Песната на Брајан“.
Во текот на својата блескава кариера водел и интересен приватен живот, а пред олтарот застанал четири пати.
Со првата сопруга диџеј Матис беше во брак пет години, а ја имаат ќерката Тара (55). Десет години подоцна ѝ кажа „да“ на Шила Мари Рајан, но веќе една година потоа следуваше крајот. Од тој брак го има синот Скот.