Почина Кирил Дојчиновски, еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Почина Кирил Дојчиновски, еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата. Беше член на Вардар и на Црвена Звезда, југословенски репрезентативец, а потоа и успешен тренер и селектор.

Кирил Дојчиновски, роден на 17. октомври 1943 година во Скопје, ќе остане засекогаш запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од Светските фудбалски првенства.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде настапува од 1963 до 1967 а потоа се сели во Црвена Звезда достигнувајќи го врвот на својата слава. Од Црвена Звезда се сели во француските Тројa и ФЦ Париз, во периодот од 1970 до 1974 година беше стандарден член на селекцијата на Миљан Миљаниќ. Четирикратен шампион на Југославија со Црвена Звезда, освојувач на Митропа купот, полуфиналист во Купот на европските шампиони со Црвена Звезда во сезоната 1970/71 и четвртфиналист во сезоната 1973/74.

Како тренер беше двократен шампион на Ел Салвадор со Луис Фирпо, и селектор на репрезентацијата на Ел Салвадор.

Share This Article