More

    Почина калуѓерката Андре, најстарата личност на светот

    spot_img

    Во францускиот град Тулон, во дом за пензионери, во сон починала 118-годишната калуѓерка Андре, најстарата личност на светот, потврди за Ројтерс.Од април 2022 година, таа беше препознаена од Геронтолошката истражувачка група како најстарата личност во светот под нејзиното вистинско име Лусил Рандон, по смртта на тогаш 119-годишната Јапонка Кејн Танака.

    Лусил Рандон, или сестра Андре, го добила тоа име во 1944 година кога се приклучила на католичкиот ред за добротворни цели. Таа е родена на 11 февруари 1904 година, а во текот на 2022 година била позитивна, но и преживеала инфекција со коронавирус.

    „Велат дека работата убива, но работата секогаш ми помагала да живеам. Работев до 108 години“, изјави сестра Андре во интервју за медиумите минатата година кога и официјално беше прогласена за најстарата личност на светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img