Почина Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи, соопшти СДСМ.
Партијата изрази искрено сочувство до семејството на прерано починатата Митрева.
„Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир“, се наведува во соопштението од СДСМ.