Хари Белафонте, кој владееше со топ листите и ги урна расните бариери во 1950-тите со својот посебен вид музика, а потоа стана главна сила во движењето за човекови права, почина во својот дом на Менхетен на 97-годишна возраст, пишува Њујорк Тајмс.
Причината за смртта е срцева слабост, изјави Кен Саншајн, неговиот долгогодишен портпарол, пишува Њујорк Тајмс.
Во 1950-тите, кога сегрегацијата сè уште беше широко распространета, неговиот подем во шоу-бизнисот беше историски, но неговата примарна цел беа човековите права.
Белафонте не беше првиот афроамерикански изведувач што ги преминал расните линии – Луис Армстронг, Ела Фицџералд и други станаа познати пред него, но никој не направи таков шмек како тој, а веќе неколку години никој во музиката не беше поголем.