Почина Гленда Џексон, британската актерка која освои два Оскари и поранешен пратеник од редовите на лабуристите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Гленда Џексон, британската актерка која освои два Оскари и поранешен пратеник од редовите на лабуристите, почина на 87-годишна возраст по кратко боледување, соопшти нејзиниот агент, пренесе „Би-би-си“.

„Гленда Џексон, добитничка на два Оскари и политичарка, почина утрово мирно во својот дом во Блекхит, Лондон, по кратко боледување, опкружена со своето семејство. Таа неодамна го заврши снимањето на филмот „Големиот бегство“ во кој глумеше со Мајкл Кејн“, напиша нејзиниот агент во соопштението.

Таа стана меѓународна ѕвезда во 1970-тите, а покрај тоа што освои два Оскари, уште двапати беше номинирана за оваа актерско признание што ја доделува Американската академија за филмски уметности и науки.

Таа го напушти актерството за да стане пратеничка на Долниот дом на англискиот парламент од 1992 до 2015 година.

Таа подоцна се врати на својата прва професија, добивајќи БАФТА за нејзината повратна улога во телевизиската драма „Елизабет исчезна“ во 2020 година.

Гленда Џексон беше една од ретките уметници што ја освои тројната актерска круна, освојувајќи две награди Оскар, три награди Еми и награда Тони.

Оскарите ги доби за улогите во филмовите „Вљубена жена“ и „Љубовник со голем стил“.

Share This Article