Во Загреб почина пензионираниот генерал Антон Туш (92), дознава Јутарњи лист.
Како командант на воздухопловните сили на поранешната ЈНА, тој ѝ се приклучил на хрватската армија во пролетта 1991 година. Тој веднаш беше назначен за началник на Генералштабот на хрватските вооружени сили, пишува Јутарњи лист.
На таа функција остана до 1992 година, кога дојде во конфликт со министерот за одбрана Гојко Шушка, поради несогласување со неговата политика кон Босна и Херцеговина.