Почина Филип Христов – човекот кој голем дел од својот работен и животен век посвети на ракометот.
„Ракометната и спортската јавност воопшто, денес изгубија еден вреден спортски работник и редок професионалец. Првенствено препознатлив како дел од раководната структура на РК „Металург“ три децении наназад и директен учесник во формирањето на машката и женската екипа, Филип Христов својот спортски стаж го заокружи со ангажман во РФМ, како дел од комисијата за натпреварување“, објави РФМ на својата веб-страница.
Ракометната федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочувство до семејството Христови.
фото: МИА