Џорџ „Фанки“ Браун, тапанарот на познатата група „Кул енд д генг“ (Kool and The Gang), почина на 74-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“. Браун починал од рак на белите дробови синоќа во својот дом во Лос Анџелес.
Музичарот беше клучниот тапанар и еден од основачите на популарниот бенд од 1970-тите „Кул енд д генг“, кој имаше десетици хитови, кои се често се вртеа на радио.
„Во сакан спомен на нашиот драг брат, ко-основач и најзабавен тапанар што светот некогаш го видел. Неговата прекрасна душа сега мирува. Те сакаме, Џорџ. Ти благодариме што ни го даде звукот на среќата“, пишува на официјалниот инстаграм-профил на бендот, кој се прости од големиот музичар.
Тој починал од рак на белите дробови во својот дом во Лос Анџелес во четвртокот вечерта, според информациите на американскиот портал ТМЗ.
Браун извесно време се борел со ракот кој бил во четвртиот статиум, дури и бил во ремисија пред болеста повторно да се врати.
Покрај тоа што беше тапанар, тој беше и текстописец за бендот кој имаше многу диско класици. Некои од нивните најпознати хитови беа „Ladies Night“, „Too Hot“, „Jungle Boogie“, „Celebration“ и „Cherish“.