Почина бизнисменот Миодраг Костиќ

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден од најпознатите милионери на Балканот, Миодраг Костиќ, потекнувал од обично работничко семејство од Никшиќ, а е познат и како „крал на шеќерот“. Србија денеска жали по смртта на својот познат претприемач. Неговата приказна почнува со првиот милион кој сам го заработил, а условите го натерале да отвори свој бизнис, пишува српски Мондо.

Години подоцна, тој се споредил себеси со Бил Гејтс бидејќи бизнисот го започнале во истата година.

– Со тоа што Гејтс беше послаб од мене во 1983 година. Тој наводно почнал со еден мал компјутер, а јас со 40 илјади долари…

За своето детство Костиќ вели:

– Излегов рано на улица и се изнагледав сè. Татко ми беше класичен Црногорец, строг, некој со кој нема шеги. До 12 години бев ѓаволесто дете. Целиот со модрици. Еднаш му го украдов камионот на татко ми. Пред да стане продавач, тој го паркираше камионот пред куќата, а јас на осум години зедов шајка наместо клуч и го стартував. Тогаш немаше хидраулични волани и бидејќи улиците беа направени од кал, изгубив контрола и паднав во дупка сосе приколката. Добив такво тепање што тоа беше страшно. Денеска не пијам, но на 13 години така се начукав што едвај останав жив. Испив две литри ракија од цреша. Бев клинички мртво, едвај ме вратиле во живот. Ракијата ја најдов во шпајзот на бабаа ми. Негде во петто одделение почнав да пушам. На летување кај баба ми во Црна Гора испушив две кутии „Ловќен“ без филтер. Повраќав цела ноќ. Оттогаш не запалив цигара – изјавил Костиќ во едно интервју.

Сопственикот на познатата МК Груп покрај бизнисот со шеќер се занимавал и со земјоделство, трговија, туризам и ИТ, ја поседувал месната индустрија Карнекс, неколку банки… Со стекнувањето сопственост на мелниците за шеќер, Костиќ станал познат најпрвин како крал на шеќерот, најголемиот извозник во Европа.

– Јасно е дека не може да се купи фабрика за шеќер за три евра. Со таа набавка презедов и 30 милиони евра обврски, но и тоа не беше доволно. Морав да вложам уште 20 до 25 милиони обртни средства за да може таа фабрика за шеќер да работи сериозно. А за четири мелници за шеќер беа потребни 85 милиони евра додатен капитал. Од 75 директори на возраст меѓу 45 и 55 години, само еден преживеа, а другите земаа отпремнина бидејќи не беа компетентни да работат – објаснува бизнисменот.

Бил многу добар ученик во гимназија. Приемниот испит го положил без проблем, особено предметите од природните науки. Вели дека татко му и мајка му никогаш не го терале да учи. Сепак, го завршил Економскиот факултет со историски најнизок просек од 6,2.

Западот го привлекол Костиќ кога за прв пат отишол во Трст со мајка му и ги видел познатите фармерки и црвените џемпери. Оттогаш не престанал да патува. И до 30 пати годишно одел преку граница, бидејќи одреден период како студент се занимавал со трговија на мало.

- Advertisement -
Ad image

Само што дипломирал отворил приватна фирма за чистење оџаци. Со тоа го навредил татко му.

– Доаѓам дома со пумпи и чуда на приколката, а тој вели: Марш надвор! Да не ја паркираш во мојот двор. Не те тренирав 16 години да станеш оџачар, туку директор на некоја сериозна компанија. Открив дека еден тип во Унгарија со тоа станал милионер. Се спакував и отидов во Унгарија. Сопственикот на компанијата не беше таму, но благодарение на една Унгарка, ја нацртав целата машина на рака и ја направив истата машина за помалку од два месеци. Моите камиони доставуваа пуканки, бидејќи имаше многу готовина. На татко ми ова му изгледаше добро, но тој не можеше да замисли да работи кај сопствениот син, а јас бев задолжен за организација – вели Костиќ.

Потоа се случила една грда епизода, поради која тој се преселил од Врбас во Нови Сад и почнал сериозно да тргува. Продавал сè: шеќер, брашно, масло, пиво, но на големо. Наскоро успеал да освои фабрика за тули на јавно наддавање.

- Advertisement -
Ad image

Костиќ некое време живеел во Америка, му се допаднал нивниот економски систем, кој го смета за најефикасен. Неговите деца студираат таму.

– Во САД, не е важно што некој учи или што прави, но ако се издигне само малку над просекот, за да се види дека се подобри, целиот систем е направен да го подигне уште повисоко. Системот за доселување е направен така што на човекот му прогледуваат низ прсти, па ако е убав, паметен, образован, го прифаќаат, додека кај нас тие што се креваат „се повлекуваат“.

Во 2017 година магазинот „Форбс“ го рангираше Костиќ на петтото место на најбогатите на Балканот и прв во Србија со приход од 700 милиони евра за таа година.

MK Груп која ја основаше Костиќ ќе ја наследи неговиот син Александар (30). тој е успешен бизнисмен и како што може да се види на официјалната страница на МК Груп, дипломирал економија на Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон.

Александар веќе шест години е потпретседател на групацијата. Оженет е и татко на две деца.

Share This Article