More

    Почина бебето што му испаднало на дедото од носилка

    spot_img

    Страшна трагедија го зави српскиот град Параќин во црно. На Универзитетска детска клиника во Белград почина 4-месечното бебе кое пред 9 дена му испаднало на дедото од бебешката носилка.

    Немилиот инцидент се случил на 29 јануари во Параќин, во доцните вечерни часови кога детето испаднало од носилката во која го носел дедото и се стркалало по скали.

    Дедото од возилото во кое се наоѓало детето ја извадил носилката во која било бебето и тргнал да го носи во зградата до станот. Кога стигнал на првиот кат, откако забележал дека ќебето му го прекрило лицето, ја ставил носилката на оградата од скалите за да не го помести ќебето.

    Во тој момент бебето испаднало од носилката и паднало од првиот кат, низ просторот меѓу скалите, во подрумот на зградата. Бебето веднаш го зеле родителите кои оделе веднаш зад дедото и го однеле во болницата во Параќин од каде итно било префрлено во Клиничкиот центар во Белград, а потоа во Универзитетската детска клиника каде им подлегнало на повредите од падот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img