More

    Почина актерот Рајан О’Нил

    spot_img

    Почина актерот Рајан О’Нил,  соопшти неговиот син Патрик. Актерот кој беше познат по филмовите „Љубовна приказна“ „Бери Линдон“, „Зошто татко ти те остава сама“ и „Хартиена месечина“ имаше 82 години. Причината за смртта не беше објавена, но познато е дека О‘Нил во минатото се лекуваше од хронична леукемија и рак на простата.

    – Ова е најтешкото нешто што некогаш сум морал да го кажам, но еве сме. Татко ми почина денеска мирно, со неговиот љубезен тим кој го поддржуваше и го сакаше, како што тој би сакал нас – рече тој.

    Роден е во Лос Анџелес во 1941 година, О’Нил бил аматерски боксер пред да започне актерска кариера во раните 60-ти.

    Прво се прослави со улогата на Родни Харингтон во ТВ серијата „Градлето Пејтон “ на ABC, а посебно внимание привлече со главната улога во филмот „Љубовна приказна“ (1970) на Ерик Сегал со Али МекГроу, за која тој беше номиниран за Оскар и Златен глобус. Тоа беше најуспешниот филм на овој актер.

    Глумеше и во комедите „Зошто татко ти те остава на мира?“, „Месечина од хартија“, „Кино за грош“. Тој, исто така, одигра значајни улоги во филмовите „Бери Линдон“, „Недостижниот мост“, „Приказната на Оливер“ (продолжение на Љубовната приказна) и „Возачот“.

    На крајот на 1970-тите, тој доживеа пад во кариерата и се помалку се појавуваше во филмовите.

    Рајан О’Нил и неговата колешка Али МекГро добија ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд пред две години.

    -Кој би помислил дека ќе завршам со ѕвезда на Булеварот на славните? Па, тоа е прилично добро – рече тогаш актерот.

    Во 2012 година, Рајан О’Нил откри дека има рак на простата и ја победи болеста, но подоцна му беше дијагностирана и леукемија која исто така ја победи, но подоцна лекарите се посомневале дека болеста се вратила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img