Британскиот актер Дејвид Соул почина на 80-годишна возраст.
Дејвид Соул, кој е најпознат по улогата во култната серија „Старски и Хач“, почина по долго и тешко боледување, во присуство на семејството, соопшти неговата сопруга Хелен Снел.
„Имаше многу таленти, како актер, пејач, писател и беше посветен пријател“, изјави таа.
Американскиот актер е најпознат по улогата на детективот Кенет Хач Хачинсон во криминалната серија Starsky and Hutch, во која играше заедно со Пол Мајкл Глејзер. Серијата се емитуваше од 1975 до 1979 година.
Глејзер и Соул ги репризираа своите улоги во римејкот на Стрски и Хач од 2004 година, со Бен Стилер и Овен Вилсон како детективи.
Соул е познат и по улогите во „Here Come The Brides“, „Magnum Force“ и „The Yellow Rose“.
Актерот беше женет пет пати, а беше уапсен во 1980-тите поради напад на неговата тогашна сопруга Пети Карнел Шерман, која во тоа време беше бремена во седмиот месец.
Соул подоцна изјавил дека му е многу жал поради тоа и ги посетил затворениците со кои разговарал за семејното насилство.