More

    Почина актерот Ангус Клауд, најпознат по улогата во серијата на ХБО „Еуфорија“

    spot_img

    Актерот Ангус Клауд, најпознат по улогата во серијата на ХБО „Еуфорија“, почина на 25-годишна возраст, потврди неговото семејство во понеделникот за медиумите. Публицистот на Клауд, Кејт Бејли, рече дека актерот починал во понеделникот во неговата семејна куќа во Оукленд, Калифорнија. Причината за смртта не е наведена.

    „Со најтешко срце моравме денеска да се збогуваме со неверојатен човек“, се вели во соопштението на семејството на Клауд. Таткото на Клауд неодамна починал, се вели во соопштението, а актерот „интензивно се борел со загубата на татко му“.

    „Како уметник, пријател, брат и син, Ангус беше посебен за сите нас на многу начини… Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека Ангус сега е повторно обединет со својот татко, кој му беше најдобар пријател. Ангус отворено зборуваше за неговата борба со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да биде потсетник за другите дека не се сами и дека не треба да се борат со тоа сами во тишина“, се вели во соопштението.

     

    Клауд се прослави во „Еуфорија“ глумејќи го дилерот на дрога Фецко „Фез“ О’Нил и брзо стана миленик на публиката.

    Клауд не глумеше пред да добие улога во „Еуфорија“. Шетал по улицата во Њујорк кога го забележала „ловецот“ на таленти Елеонора Хендрикс. Клауд прво се спротивставил, сомневајќи се дека е во прашање измама. Потоа, директорката на кастингот Џенифер Вендити се сретнала со него, а креаторот на серијата Сем Левинсон на крајот му ја дал улогата во серијата во првите две сезони.

    „Ние сме неверојатно тажни кога дознавме дека Ангус Клауд почина. Тој беше неизмерно талентиран и сакан дел од семејството ХБО и „Еуфорија“. Изразуваме длабоко сочувство до неговите пријатели и семејството во овој тежок момент“, се вели во соопштението на ХБО.

    Обожавателите и колегите во неверување се простуваат од Клауд.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img