Почесниот конзул којшто го префрлил Артан Груби на Косово, без разлика дали свесно или несвесно за постапката што ја презел мора да биде повикан на одговорност пред органите на државата како соучесник кој овозможил бегство на поранешен функционер осомничен за криминал и корупција, смета уневерзитетскиот професор Јове Кекеновски.
„Без разлика дали бизнисменот почесен конзул знаел или не знаел дека на Груби му е забранет излез од државата, без разлика дали бил свесен или несвесен за постапката која ја презел тој мора да биде повикан на одговорност пред органите на државата како соучесник кој помогнал односно овозможил бегство на бивш функционер за кого во тој момент надлежниот суд одлучувал за одредување мерка притвор и траела полициската акција“, пишува Кекеновски.
Кекеновски понатаму појаснува дека Виенската конвенција за конзуларни односи не дозволува вакви активности на почесен конзул и судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот.
„Виенската конвенција за конзуларни односи не дозволува вакви активности на почесен конзул. За оваа постапка судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот Согласно члено 68 од Конвенцијата и факултативниот карактер на институцијта почесни конзуларни функционери, државата домаќин самостојно одлучува дали ќе дозволи и понатаму на нејзина територија да дејствуваат вакви почесни конзули“, појаснува во својата објава Кекеновски.