More

    Побегнал од местото на несреќата, а два дена ѝ бегаше и на полицијата

    spot_img

    По скоро два дена поминати во бегство, полицијата денеска конечно го приведе момчето кое во саботата вечерта со своето возило усмрти 11-годишно девојче во Велес, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го уапсија 29-годишниот А.Н. од Велес, кој во саботата околу 22.15 часот на ул. Борис Трајковски во Велес со патничко возило ‘мерцедес’ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полициското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img