По три вечери на „Песна за Евровизија 2022“ на Србија стручното жири и гласовите на публиката го избраа победникот, од 18-от изведувач Констракта, кој се пласираше во финалето.
Стручното жири беше составено од пет члена Драгољуб Илиќ, Слободан Марковиќ, Уна Сениќ, Владимир Николов и Неда Украден.
Откако стручното жири гласаше, а потоа водителите ги прочитаа гласовите на публиката, стана јасно дека победничката песна за Евровизија е „In corpore sano“.
Осврнувајќи се на текстот на нејзината песна „In corpore sano“ и на тоа што во песната споменува дека нема здравствена книшка, претставничката на Србија на Евровизија вели:
„Одам во Италија со приватно здравствено осигурување, немам здравствена книшка, во мојот тим имам лекари од сите области.
Мошне необичниот текст брзо стигна до ушите на присутните, а Констракта, меѓу другото, пееше и за косата на војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Ана Ѓуриќ Констракта е дипломиран архитект, мајка на две деца Лена и Никола. Долги години беше член на бендот „Земља Грува“ кој беше формиран во 2007 година.
Интересно е што ова не е прво појавување на Ана на песната на Беовизија. И во 2009 година таа се натпреваруваше со споменатиот бенд, но постигнаа далеку полош пласман.
Својата прва песна под името Констракта ја објави во 2019 година, а сега одговори што всушност значи:
– Ах. Веќе заборавив. Од една страна, броев многу слогови, стихови и правила на некои нови зборови, конструирав, тоа ми беше интересно. Не го правам тоа повеќе. Од друга страна, во тоа време студирав архитектура и предметот Историја на уметност, кој го предаваше професорот Шуваковиќ, зборуваше за конструкти, пред сѐ, општествени. Па така го гледав целиот свет и сите појави како конструкција. И себе и песната. Ете, нема мистерија – изјави еднаш Ана за 42magazin.
Констракта заслужено оди во Торино со песната „In corpore sano“, пишуваат српските медиуми.
ФОТО: РТС