More

    Побарувачката на бакарот силно ќе расте во следното десетлетие благодарение на производството на електрични возила, соларни панели, вештачката интелигенција и автоматизацијата

    spot_img

    Побарувачката на бакарот силно ќе расте во следното десетлетие благодарение на производството на електрични возила, соларни панели, вештачката интелигенција и автоматизацијата, проценува сингапурската трговската куќа „Трафигура“ со седиште во Швајцарија која тргува со метали и енергија.

    Според процените на оваа куќа во следните 10 години, тоа ќе биде извор на најмалку 10 милиони метрички тони дополнителна потрошувачка на овој високопроводен метал што со оглед на намалената понуда поради затворање на одделни производители на бакар ќе влијае и на зголемување на неговата цена.

    -Околу една третина од новата побарувачка ќе создаде секторот за електрични возила, а во неа се вклучени производството, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Остатокот ќе оди на работи како автоматизација, индустриски капитални трошоци и системи за ладење на центрите за податоци – забележува шефот на ализата во швајцарската компанија Греам Трејн.

    Според него, побарувачката за бакар ќе биде поттикната од индустријализацијата и урбанизацијата во земјите во развој, особено во Индија, каде што потрошувачката по жител моментално изнесува само половина килограм. Во Кина и развиените економии потрошувачката по жител изнесува 10 односно 7 килограми по жител.
    Сето ова како и понудата на рфиниран бакар и бакарен концентрат, влијаеше на зголемување на цените, пацената на бакарот на лондонската берза LME е на највисоко ниво во последните 2 години, односно на 10.000 долари за тон.

    Извори од бакарната индустрија велат дека поскапувањето делумно е резултат на падот на залихите во магацините регистрирани во LME, за цели 35% во однос на октомври лани, на 121.200 тони.

    Дополнителен поттик на цените беше намалената понуда на бакарен концентрат по затворањето на рудникот Кобре во Панама и оценката на рударскиот гигант Anglo American за намаленото производство.

    Во такви услови, некои аналитичари сега очекуваат значителен недостиг на пазарот, од околу 26 милиони тони годинава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img