И традиционалниот божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ- ОА годинава ги потврдија длабоките поделби во македонското општество.
На ручекот дојдоа само претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот на Собранието Талат Џафери не дошол поради здравствени проблеми, а лидерот на опозицијата кај поглаварот Стефан бил ден порано.
Овој прием секоја година се одржува на 9 јануари, кога поглаварот г.г Стефан го слави и својот именден.
Телевизија Сител го анализира настанот и во светлината на божиќната порака на поглаварот на МПЦ-ОА, во која тој повика на заштита на црковните и на националните интереси.
Сител шпекулира дека поглаварот г.г. Стефан би можел да ја искористи приликата да побара и лично од премиерот и од претседателот на државата црквата и Охридската архиепископија да не се мешаат во политичкиот процес кој го водиме со Бугарија.
Бугарските историчари бараат Охридската архиепископија да биде претставена како континуитет на Бугарската патријаршија, по нејзиното укинување во 10 век. За оваа тема Мешовитата историска комисија повторно ќе расправа во февруари во Софија.