По жестоката физичка пресметка со сопствената сестра Едита, пејачката Инди Арадиновиќ доживеа нова непријатност. На Инди ѝ пукна силиконот во градите, поради што мора итно да се оперира.
И самата Инди потврди дека не се работи само за озборување.
– Сè што слушнавте е вистина. Одам на итна операција. Силиконот ми пукна, а во исто време се излизга – изјави Инди за „Блиц“ и додаде:
„Со оглед на тоа што веќе го менувам силиконот, ќе ги зголемам и градите за една големина“.
Да потсетиме, пејачките и сестрите Едита и Инди Арадиновиќ ја шокираа јавноста кога се појави видео од нивната брутална физичка пресметка. Сестри се степаа, се кубеа за коса и се туркаа на земја среде улица, додека непознат млад човек се обиде да ги раздели. На крајот во кавгата влета и мајката на пејачките, која успеа да ги раздели ќерките. Притоа, Едита ѝ го одзема мобилниот од рака на Инди и го фрли на земја.
Подоцна се огласија и двете по повод оваа случка и рекоа дека се во добри односи и дека тоа било сестринска работа.
ФОТО: Инстаграм