More

    По втор пат се одложи повторното судење за пожарот во тетовската модуларна болница

    spot_img

    По втор пат се одложи повторното судење за пожарот во тетовската модуларна болница, откако Апелацискиот суд Гостивар на јавната седница во април 2024 година, го врати на повторно судење. Првата пресуда е донесена на 5 јуни 2023 година. Судијата Јордан Велковски информираше дека причината за одложувањето е отсуство на Самоил Филиповски, адвокат на Артан Етеми, еден од двајцата обвинети директори на Клиничка болница Тетово. Рочиштето е закажано за 5 ноември 2024 во 10 часот.

    Првиот обид за почеток на судењето беше на 26 јуни, но се одложи поради отсуство на претставници на Клиничка болница Тетово.

    Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и за Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

    На 5 јуни 2023 Основниот суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година, кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш донесе ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и за Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

    Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, со условна осуда, односно утврдената казна затвор нема да се изврши ако обвинетите секој за себе во време од три години не сторат ново кривично дело. Правното лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

    Судскиот процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница која беше поставена во рамки на Клиничка болница Тетово, за лекување на пациенти болни од корона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img