По веста за приведување на Алабаковски како одговорен за пожарот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, адвокатите Драган Пешевски и Јанаки Митровски се пријавија про боно да го бранат пејачот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По веста за приведување на пејачот Ламбе Алабаковски, како одговорен за пожарот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, адвокатите Драган Пешевски и Јанаки Митровски се пријавија про боно да го бранат пејачот.

– Јас и Јанаки Митровски јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!, напиша адвокатот Пешевски на својот профил на Фејсбук.

Адвокатот Митровски напиша:

„Под итно организација за одбрана на Ламбе!!!! Прв се пријавувам!!!“

Митровски истакна дека Алабаковски не може да биде кривично гонет, туку само за материјална штета, зашто не предизвикал општа опасност.

„Клубот бил затворен и со тоа не е исполнето делото Предизвикување општа опасност, што значи ослободителна за Ламбе!“, смета Митровски.

Share This Article