Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на социјалните мрежи изрази жалење за страшната вест од Белград каде што основецот утринава уби осум соученици и еден член на обезбедувањето на училиштето и повреди уште шест ученици и една професорка.
„Кога ќе се случи со зборови неопислива трагедија, кога возрасните занемуваат, кога владее тажна тишина, песната мора да стивне и сите ние мора да се поклониме пред невините жртви. Соодветно е во овој момент да се одложи секој концерт, вклучително и мојот, кој требаше да се одржи во хотел во Белград. Искрено сочувство до сите што изгубија некого денес…“
Во оваа прилика се огласија бројни јавни личности кои беа длабоко потресени од овој настан, а за една од најголемите трагедии што ја снашле Србија во последно време, јавуваат и странските медиуми.
Да потсетиме, Коста Кецмановиќ (13), седмоодделенец во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, утрово застрела 7 девојчиња и 1 момче, како и припадник на обезбедувањето, а тешко повреди 6 ученици и 1 наставник.
Претходно беше потврдено дека ученикот кој пукал е уапсен, а според последните информации уапсен е и неговиот татко.
Владата на Република Србија прогласи тридневна жалост во цела Србија, почнувајќи од петок, соопштија на прес-конференција.