Педесетгодишен жител на скопското село Јурумлери загина на автопатот Скопје – Велес при судир со возило управувано од кумановец.
– На 02.05.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес и регионалниот пат с.Јурумлери-с.Суводол се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Куманово и патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(50) од с.Јурумлери, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, на местото на несреќата од здобиените повреди починал Г.И., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.