По силниот земјотрес од 4,9 степени на Евија во средата, заклучно со синоќа на грчкиот остров биле регистрирани над 100 последователни потреси

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По силниот земјотрес од 4,9 степени на Евија во средата, заклучно со синоќа на грчкиот остров биле регистрирани над 100 последователни потреси, согласно извештајот на специјалната научна комисија  за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежната комисија вчера одржа втор состанок свикан по барање на министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис, за да се разгледаат новите податоци за сеизмичката активност на грчкиот остров.

Согласно заклучоците на Комисијата, по завчерашниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер, сеизмичката активност во централна Евија „опфаќа и повеќе од 100 земјотреси со максимална јачина од 3,5 степени” и не ја исклучуваат можноста за силен последователен земјотрес.

Земјотресот беше регистриран во средата, кусо пред 14.30 часот по локално време, во централниот дел на Евија, а освен на островот, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Share This Article