More

    По разорните поплави во источна Либија хуманитарните организации предупредија дека се зголемува ризикот од ширење заразни болести

    spot_img

    По разорните поплави во источна Либија хуманитарните организации предупредија дека се зголемува ризикот од ширење заразни болести. Меѓународните хуманитарни работници зборуваат за „катастрофална хуманитарна ситуација“ и хаотични услови во делумно уништениот град Дерна на истокот на северноафриканската земја.

    – Итно е потребна координација на помошта. На преживеаните сега итно им требаат сместувалишта, храна и основна медицинска нега поради загриженоста за појава на колера и недостиг од чиста вода – објави организацијата Лекари без граници, чиј тим за итна помош е на лице место од четвртокот.

    Аалах Абулгасем од Исламска помош, вели дека „Дерна мириса на смрт“.

    – Илјадници луѓе немаат каде да спијат и немаат храна за јадење. Во услови како овие, болестите можат брзо да се шират, бидејќи системите за снабдување со вода се контаминирани – изјави претставникот на Исламска помош.

    Според весникот „Араб њуз“, Министерството за здравство во либиската престолнина Триполи на западот на земјата предупреди дека во Дерна има подземни води кои се загадени со човечки трупови, трупови на животни, ѓубре и хемиски супстанци.

    – Ги повикуваме луѓето да не одат во близина на бунарите во Дерна – апелирал министерот за здравство Ибрахим Ал Араби, цитиран од агенциите.

    Во Дерна повеќе деца веќе се разболеле од загадена вода, изјави шефот на Националниот центар за контрола на болести за новинската страница Ал-Васат во петокот. 55-те деца потекнуваат од семејства кои беа раселени од разорните поплави,

    Во крајбрежниот град, водата за пиење е измешана со отпадна вода.

    – По ваква катастрофа, навистина сме загрижени поради ширењето на болести преку загадената вода за пиење – изјави координаторката за медицински операции на Лекари без граници, Маноел Картон.

    Таа истакнува дека сè уште е тешко да се проценат размерите на проблемот. Ситуацијата во областа на катастрофата останува нејасна. Има многу волонтери од странство и од земјата, „но ги има премногу, станува хаотично“.

    Продолжува и потрагата по жртви под урнатините, на брегот и во морето. Спасувањето беше забрзано со доаѓањето на меѓународните помошници. Сепак, телата брзо ќе се распаѓаат, починатите брзо се закопуваат, идентификацијата на жртвите е занемарена, што го отежнува доаѓањето до убедлив и сигурен биланс на жртви. Се стравува дека има до 20.000 мртви само во тешко погодениот град Дерна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img