More

    По ракот на дојка се соочи со карцином на кожата

    spot_img

    Снаата на кралицата Елизабета Втора, Сара Фергусон, која по разводот со принцот Ендру повторно почнала да живее заедно со својот (поранешен) сопруг, води вистинска лавовска борба бидејќи неколку месеци по ракот на дојката ѝ е дијагностициран меланом (рак на кожата).

    Војвотката од Јорк се огласи на Инстаграм и еве што кажа за својата здравствена состојба.

    На Сара Фергусон ѝ е дијагностициран агресивен облик на рак на кожата, дијагноза што ја добила откако неколку бенки биле отстранети во текот на реконструктивната операција, која следувала по мастектомијата (отстранување на градите) во јуни.

    Војвотката од Јорк била подложена на дополнителни анализи во кои било утврдено во кој стадиум е ракот (на Инстаграм посочи дека болеста е навреме дијагностицирана). Нејзиниот лекар во неделата изјави дека дијагнозата на меланом била вознемирувачка по осумчасовната мастектомија на која била подложена Сара Фергусон. Нејзиниот пријател го опиша овој пресврт на настаните како голем шок.

    Војвотката од Јорк напиша на Инстаграм: „Одвоив малку време за себе бидејќи ми беше дијагностициран меланом, форма на рак на кожа, што е моја втора дијагноза на рак во рок од една година откако ми беше дијагностициран рак на дојка ова лето и бев подложена на мастектомија и реконструктивна операција. Благодарение на големата внимателност на мојот дерматолог, меланомот беше откриен кога се појави.

    Се разбира, уште една дијагноза на рак беше шок, но јас сум добро расположена и благодарна за многуте пораки за љубов и поддршка.

    Верувам дека моето искуство ја нагласува важноста од проверка на големината, обликот, бојата и текстурата на појавата на новите бенки кои можат да бидат знак за меланом и ги повикувам сите што го читаат ова да бидат ревносни.

    Неверојатно сум им благодарен на медицинските тимови кои ме поддржаа во двете овие искуства со ракот и на клиниката MAYRLIFE што нежно се грижеа за мене во изминатите недели, давајќи ми време да закрепнам. Сега одмарам со семејството дома, се чувствувам благословена што ја имам нивната љубов и поддршка“.

    Сара Фергусон последен пат се појави во јавноста во текот на божиќната прошетка во Сандригам со кралското семејство. Таа беше поканета на тој настан од кралот Чарлс Трети, кој оваа недела чека операција поради бенигно зголемување на простатата. Кејт Мидлтон имаше операција на абдоменот минатата недела во клиника во Лондон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img