По приказната дека ги исплашила децата, Џина ја отследи Мелина од Инстаграм

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По 22 година брак, пукна љубовта помеѓу познатиот пејач Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина Џиновиќ. Откако регионалните медиуми објавија дека се разведуваат, не стивнуваат непријатните ситуации поврзани со приватниот живот на оваа двојка.

Најново во низата е дека ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, ја отследи својата мајка од Инстаграм. Само еден ден откако Харис Џиновиќ проговори за скандалот во вилата во Сењак, кога раскажа дека „исплашените деца ја молеле да излезе“, Џина ја отследи својата мајка од Инстаграм.

 

Мелина неодамна упадна во семејната куќа во Сењак каде што живее Харис со синот Кан и ќерката Џина.

Харис објасни како децата реагирале на таа ситуација.

„Мелина не се обиде да стапи во контакт со мене. Таа ја напушти куќата, а кога дојде, јас повикав полиција. Таа има право да го собере тоа што е нејзино, таа има свој стан, живее на другиот крај на градот. Не знам која беше причината за нејзиното доаѓање, повикав полиција, двајцата дадовме изјави и така тоа се заврши. Малку мириса на провокација, но не знам зошто не сакаше да си оди. Ми рече дека ова е нејзина куќа. Сите четворица бевме дома, тие молчеа, ја молеа да си оди, но таа не сакаше. Децата (Кан и Џина) се плашеа сè да не премине во физичка пресметка“, рекол Харис во емисијата „Премиера-викенд специјал“.

 

- Advertisement -
Ad image

 

ФОТО: Инстаграм

Share This Article