More

    По повод смртта на Правдиќ, на социјалните мрежи се огласи Горан Бреговиќ

    spot_img

    Во Сплит почина Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на групата „Бијело дугме“, јавија регионалните медиуми.

    По повод смртта на Правдиќ, на социјалните мрежи се огласи Горан Бреговиќ.

    „Тој беше единственото фино момче меѓу нас. Жал ми е. Почивај во мир…“, напиша Бреговиќ, фронтмен на „Бијело дугме“.

    Потсетуваме, Владо Правдиќ почина синоќа во Сплит, во пресрет на својот 74 роденден, кој требаше да го прослави на 6 декември, а последните неколку месеци се бореше со тешка болест.

    Правдиќ во 1973 година се пресели од „Индекси“ во групата „Јутро“, како што тогаш се нарекуваше идната група „Бијело дугме“. Правдиќ свиреше на првите два албума на „Бијело дугме“.

    По турнејата во 1987 година, тој го напушти „Бијело дугме“ и се повлече од музиката, но со групата настапуваше уште неколкупати на големи концерти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img