По потрагата сестрите Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ се пронајдени со нивната мајка и сестра Марија. Нивниот татко Зоран ја извести јавноста дека потрагата е завршена, пренесе „Политика“.
Имено, Зоран откри дека јутјуберките одлучиле да го „напуштат семејството“, односно да го напуштат него. Како што пренесуваат белградските медиуми, таткото тврди дека е шокиран и не очекувал дека вакво нешто некогаш ќе се случи.
– Анѓела, Марија, Наѓа и Тина се добро. Му се јавиле на брат ми и му рекле дека ме напуштиле мене. Како и секое семејство и ние имавме проблеми, искрено не мислев дека се толку голем проблеми. Не сум во контакт со нив, сите телефони се исклучени – рекол Ѓорѓевиќ.
Зоран додава дека без разлика на сѐ, најважно му е тие да се живи и здрави.
Сестрите Анѓела и Наѓа се девојчиња од Пожаревац. Тие живеат во Париз и доминираат во балканската заедница на Јутјуб.
Денеска таткото на познатите jутјуберки Анѓела и Наѓа, Зоран Ѓорѓевиќ, ја вознемири јавноста со своето обраќање, во кое рече дека неговите ќерки исчезнале во Франција.
„Ситуацијата не е добра, неколку часа не знам каде е моето семејство. Како што веќе знаете, Анѓела е во Париз, а од 16 часот ѝ се губи секаква трага. Вујко ѝ ја донесе дома вчера, во 19:00 требаше да се приклучи „во живо“, но не ми се јавува од 18:20 часот. Тина излезе да го прошета кучето во 18 часот, а сега е веќе 22:30 часот и неа ја нема. Наѓа требаше да ги заврши предавањата во 20 часот, но и таа не се појави. Не знам што да правам, ако некој има некаква информација“, изјави претходно Зоран Ѓорѓевиќ.
ФОТО: Инстаграм