Десет кинески авиони денеска ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Оваа линија се смета за неофицијална граница меѓу Кина и Тајван, пишува Б92.
По неодамнешната посета на Ненси Пелоси на Тајпеј ваквите пречекорувања на кинеските авиони постојано се случуваат.
За време на вежбите, на кои се користеше боева муниција, кинеските бродови повремено се обидуваа да упаднат во неофицијалната „тампон зона“, додека тајванските бродови ги следеа нивните движења.