More

    По положувањето заклетва на новиот претседател на Тајван, Кина почна со воени вежби

    spot_img

    Кина започна дводневни воени вежби во близина на Тајван, кои ги опиша како казна за сепаратистичките акции на островот. Вежбите следат по полагањето заклетва на новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-тае, во понеделникот, кога Пекинг го окарактеризира неговиот говор како признавање на независноста и најави одмазда.

    Тајван работи независно од кинеското копно од крајот на граѓанската војна во 1949 година, но Пекинг продолжува да го смета островот како дел од својата територија според политиката на Една Кина и вети дека повторно ќе ја воспостави контролата, доколку е потребно со сила.

    Како дел од овогодинешните воени вежби, воени авиони и бродови го обиколија островот за да ги тестираат нивните борбени способности, според Кина. Тие се случуваат во теснецот Тајван, како и на север, југ и исток од островот, соопшти војската, додавајќи дека тоа е „строга казна за сепаратистичките акции на протајванските сили и предупредување за мешање од надворешни сили. “.

    Тајван веднаш реагираше, објавувајќи дека ги распоредил своите поморски, воздушни и копнени сили за одбрана на слободата. Вежбите беа осудени како ирационални провокации и дејствија кои го поткопуваат регионалниот мир и стабилност, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Кина, која во минатото го опишуваше Лаи Чинг Тез како опасен сепаратист кој ќе донесе војна на островот, најави одмазднички мерки по неговиот инаугурациски говор во понеделникот, во кој, меѓу другото, најави натамошно зајакнување на одбранбените капацитети на Тајван и одбраната на демократијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img