More

    По писмото што го нашла во хотелската соба, итно побарала поголемо обозбедување

    spot_img

    Хрватската пејачка Јелена Розга наводно повеќе никаде не оди без обезбедување.

    Како што дознаваат медиумите, Јелена неодамна на вратата од хотелската соба во која престојувала затекнала писмо кое ја вознемирило, па се исплашила за својот живот.

    – Јелена доби белешка на која пишуваше нешто што многу ја вознемири. Таа не сакаше никому, па дури ниту на својот менаџер да му открие што пишува и зошто е вознемирена и под стрес. Само замоли организаторите да внимаваат и дека сака да има поголем круг на обезбедување околу себе, дури рече дека таа ќе плати луѓе само за да се засили кога ќе дојде на настап. Како што се вели, откако пред неколку години еден обожавател ја демнел низ Сплит кој ноќе доаѓал на вратата од нејзиниот стан, па морала да пријави во полиција и да побара полициска заштита, Јелена живее во страв за својот живот. Ова навистина ја потресе! Иако сите инсистираа да им каже за што се работи, таа само рече дека се е во ред и дека и се јавуваат обожаватели кои понекогаш знаат да бидат и малку понапорни – изјавил извор близок до пејачката, која се чини дека навистина се исплашила дека некој ќе ја повреди, но се уште не се знае поради која причина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img