По одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да го помилува својот син Хантер, се огласи и лично тој, објави Фокс њуз.
– Признав и презедов одговорност за моите грешки во најмрачните денови на зависноста, грешки што се искористени за јавно понижување и на мене и на моето семејство поради политиката. И покрај сѐ, трезен сум повеќе од пет години поради својата длабока вера, непоколебливата љубов и поради поддршката која ја добивав од моето семејство и од пријателите – изјави тој.
Хантер Бајден додаде дека помилувањето нема да го земе здраво за готово.
– Помилувањето никогаш нема да го земам здраво за готово и ќе го посветам животот, што повторно го изградив, на помагање на оние кои сè уште се болни и страдаат – рече 54-годишниот Хантер Бајден.