Дино Мерлин досега распродаде три концерти во белградската Штарк Арена (18, 19 и 21 ноември), а во тек е продажбата и за четвртиот, за 22 ноември 2023 година.
Пејачот долго време молчеше за наводните изјави што ги давал на сметка на Србите, а сега, по медиумската илегала, проговори за сѐ и откри што е всушност вистина.
Дино ја спомна и петицијата што е покрената против него, а се однесува на забраната за влез во Србија.
– Мал или незначителен број изманипулирани луѓе – сеедно, тие и понатаму се изманипулирани луѓе. Можете да возите Формула 1.300 еден час, но ако возите во погрешна насока, не сте на добриот пат. Кога некои крајно злонамерни манипулатори објавуваат нешто вакво малициозно за изјаснување, тогаш обичниот човек кој само ги чита насловите реагира како што реагира; не проверува, само кликнува, затоа што за клик не треба многу труд. Искрено кажано, жал ми е за луѓето кои се изјаснуваат врз основа на такви ноторни невистини. Но, убеден сум дека огромното мнозинство со гадење ги отфрла овие и слични петиции и иницијативи кои нанесуваат непоправлива штета на општеството во целина и на сите нас. Секако, драго ми е што петицијата во меѓувреме е отстранета, што и го очекував, а тоа е единствено праведно. Затоа што, како што вели старата мудрост: „Некои луѓе можеш да ги мамиш постојано и сите луѓе извесно време, но не можеш да ги мамиш сите луѓе цело време – рекол Мерлин на самиот почеток.
Дино се осврнал и на споменатите изјави против Србите и на крајот открил дека судот во Белград пресудил во негова корист и дека никогаш не ги изговорил тие зборови.
– Не е првпат да се изјаснувам на оваа тема. Некои бескрупулозни луѓе упорно сакаат да ме прикажуваат онаков каков што не сум. На ист начин, во 2011, 2015 и овде во 2023 година. Значи, кога и да настапувам во Белград, тие континуирано го рециклираат истиот наратив и упорно манипулираат, конструираат, спинуваат, фалсификуваат и фрлаат прашина во очите на луѓето. Мноштвото вакви и слични срамни и понижувачки клевети и навреди против мене морав да ги побијам на суд. Вишиот суд во Белград, по петгодишно судење, донесе правосилна пресуда со број П3. 340/15 од 12 февруари 2020 година (потврдено од страна на Апелациониот суд во Белград во пресуда бр. Гж3 184/20 од 3 февруари 2022 година). Во образложението на наведената пресуда, судот, меѓу другото, го заклучи следното: „Недозволено е на Дино Мерлин да му се припишува синтагма за болни Срби, како и да се опишува Дино Мерлин како личност која се прославила со своите антисрпски ставови, имајќи предвид дека во судската постапка не беше утврдено дека Дино Мерлин некогаш дал изјави кои би претставувале фактичка основа за такви заклучоци. Врз основа на утврдените факти дека објавените информации се нецелосни, непроверени па со самото тоа и невистинити, ставот на судот е дека овие текстови се објавени со цел да се создаде непријателство кај публиката и читателите кон Дино Мерлин – рекол Мерлин, меѓу другото, ставајќи крај на бројните шпекулации и теории.
Влезниците за 4-от концерт се речиси распродадени, а добро упатен извор открива дека пејачот „размислувал“ дa има дури 6 концерти во Белград.