More

    По нова година секоја државна институција сама ќе одлучува за нови вработувања

    spot_img

    Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека со измените на Законот за буџет, кои ќе стапат во сила на почетокот на идната годинасите министерства, јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, јавно-приватни субјекти ќе можат да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.

    Со овие измени се укинува „согласноста за вработување“ па институцијата ќе може да вработува само со изјава од раководно лице на институцијата дека се обезбедени средства за вработување.

    – Секој министер ќе одлучува колку нови луѓе му требаат и тие треба да бидат во согласност со буџетот на институцијата. Во случај да се надмине буџетот одговорноста паѓа врз министрите. Тие претходно ќе пишуваат изјава дека ќе вработуваат согласно буџетот, а ако го надминат ќе одговараат кривично – рече на брифингот со новинарите министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Фатмир Бесими не смета дека со ова ќе настане хаос од вработувања во јавниот сектор, напротив, според него, со ова се става ред. Тој додаде дека доколку станува збор за претпријатија кои се загубари и ако имаат потреба од нови вработувања, одлука за тоа ќе носи владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img