More

    По неколкумесечна анализа на доказите експертите се едногласни за злосторства против човештвото во Израел и во Газа

    spot_img

    Адвокатката за човекови права, Амал Клуни, беше специјален советник во истрагата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кој бараше издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас, пишува Гардијан.

    Весникот наведува дека главниот обвинител на судот, Карим Кан, ѝ се заблагодарил на Клуни, велејќи дека таа е дел од „експертите за меѓународно право“ на кои тој чим се обратил за совет.

    – Комисијата е составена од експерти со огромна репутација во меѓународното хуманитарно и кривично право – рече Кан.

    Во соопштението објавено од Фондацијата за правда Амал Клуни, беше објаснето како таа учествувала во случајот во кој МКС побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.

    – Пред повеќе од четири месеци, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ме замоли да му помогнам да ги проценам доказите за сомнителни воени злосторства и злосторства против човештвото во Израел и во Газа. Се согласив и се приклучив на панелот меѓународни правни експерти. Заедно, се вклучивме во обемен процес на преглед на докази и правна анализа во Меѓународниот кривичен суд во Хаг – рече Клуни.

    Според неа, и покрај различното потекло на лицата, правните наоди на експертите биле едногласни и тие утврдиле дека судот е надлежен за злосторствата извршени во Палестина и од палестински граѓани.

    – Едногласно заклучуваме дека постојат разумни основи да се верува дека лидерите на Хамас, Јахја Синвар, Мохамед Дајф и Исмаил Ханија извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и земање заложници, убиства и злосторства на сексуално насилство. Едногласно заклучуваме дека има разумни основи да веруваме дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и гладување како метод на војување, убиства, прогон и истребување – изјави Амал Клуни.

    Таа претходно беше критикувана на социјалните мрежи дека не зборува јавно за војната во Газа.

    – Законот кој ги штити цивилите во војна е воспоставен пред повеќе од 100 години и се применува во секоја земја во светот, без разлика на причините за конфликтот. Не прифаќам каков било конфликт да биде надвор од дофатот на законот, ниту пак кој било сторител да биде над законот – рече Клуни.

    Амал Клуни е адвокат во Доти Стрит Чемберс во Лондон, група на здружени адвокати специјализирани за човекови права и е дополнителен професор на Правниот факултет Колумбија во Њујорк. Таа ја основаше Фондацијата Клуни за правда со нејзиниот сопруг, актерот Џорџ Клуни, непрофитна организација која обезбедува бесплатна правна поддршка на жртвите на кршење на човековите права.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img