More

    „По Косово, да ја направиме и Македонија албанска држава“ Касами повторно провоцира

    spot_img

    Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, синоќа во Тетово, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија – повика на единство меѓу Албанците, како што рече: „Косово да стане втора албанска држава, а по Косово, зошто да не и Македонија“, објави весникот Лајм.

    „Почитувани присутни, драги сопатници Изет, Африм, почитувани медиуми. Многу почитувани пријатели Арбр, Ардита, Беким. Почитувани пратеници, градоначалници и вие почитувани активисти. Честитки за празникот 28 ноември. Нема како да биде поинаку, освен што како што беше пред 111 години во нашата сакана Валона, денес овде во Тетово нека се обединат Косово и Македонија, да го направат Косово втора албанска држава и после Косово, зошто да не, и Македонија. Се чувствувам многу горд и среќен што денеска на 28 ноември, најголемиот историски ден во историјата на албанскиот народ, ја потпишуваме албанската коалиција, која ќе ги донесе неопходните промени за членство на Република Македонија во ЕУ“, изјави претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.

    Овие коментари Касами ги даде на настанот организиран во Тетово, каде Европската лига за промени, на која припаѓаат Беса, Алтернатива и Демократско движење, официјално ја потпишаа декларацијата за соработка под името „Европска лига за промени“.Градоначалникот на Тетово веќе стана препознатлив по ваквиот вид провокации. Во август годинава, тој пушташе во употреба улица во Општина Тетово, а потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме.

    Слична провокација имаше и за време на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Општина Тетово, кога знаме на „голема Албанија“ се вееше во публиката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img